Најздравиот чај на светот: Го јакне имунитетот, се бори против воспаленија, го штити џигерот и ја чисти кожата
Куркумата одамна се користи во азиската кујна и медицина, но сè повеќе го пронаоѓа својот пат до европските и останатите кујни.
Ова растение е најпознато како зачин кој што се додава во многубројни јадења, но е многу повеќе од тоа. Не само што додава интересна арома каде што ќе се стави, туку има и голема корист за здравјето на човекот.
Инаку, куркумата е растение од чиј корен се прави препознатливиот жолтеникав прав, а состојката која што ја прави толку здрава е куркуминот.
Таа е сродно растение со ѓумбирот, поради што и корените визуелно наликуваат еден на друг. Освен што може да се користи како зачин, може да се консумира и во вид на чај и тоа на два начина:
- да исецкате дел од коренот и да го ставите во врела вода да проврие и
- во врела вода да ставите прав кој што инаку се користи како зачин во јадењата, со додаток ѓумбир и мед по желба.
Ова се ефектите од чајот:
Го јакне имунитетот и спречува воспаленија
Куркумата делува моќно како антиоксиданс и ги неутрализира штетните слободни радикали, па така допринесува во балансот во организмот. Тоа во пракса помага клетките на имуниот систем да останат здрави и да си ја вршат својата работа како што треба.
Го подобрува расположението
Не само што е корисна за луѓето кои имаат здравствени проблеми, туку и за оние кои се целосно здрави. Куркумата ја ублажува напнатоста во мускулите, а некои истражувања покажале дека позитивно влијае на нашето расположение.
Добар е за кожата
Неодамна се појавија податоци дека куркумата влијае и на нашата кожа и помага во ослободување на некои дерматолошки проблеми. Од куркумата може да се направи и маска за лице за да се зголеми ефектот.
Го штити џигерот и го подобрува метаболизмот
Џигерот е многу важен орган во човековото тело и треба да го штитиме најдобро што знаеме, а очигледно внесувањето куркума дефинитивно помага во тоа. Освен куркумата што го намалува нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок, таа влијае и во спречувањето на гојазноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа