Намибија: 13 членови на исто семејство починаа откако јаделе отровна каша

Тринаесет членови на истото семејство починале во Намибија, откако јаделе каша за која властите веруваат дека станала токсична, кога се измешала со талог останат од домашното пиво.

Државната телевизија јавува дека уште четири лица се во критична состојба во болница.

Министерството за здравство и социјални услуги на Намибија соопшти дека било известено за инцидентот во село на истокот на земјата. Се вели дека 18 членови на истото домаќинство, на возраст меѓу 2 и 33 години, конзумирале отровна каша направена од брашно од просо измешано со исушен и изматен ферментиран талог локално познат како „mundevere“.

„Седумнаесет членови на домаќинството на 27 мај се појавија во окружната болница во Ниџангана со знаци и симптоми на труење со храна. Поради критична состојба, 13 од нив се испратени во болницата во Рунду“, се наведува во соопштението.

Министерството, исто така, соопшти дека се земаат дополнителни примероци за тестирање за труење со алкохол.

31.05.2023 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега