Наострете го ножот за 10 секунди без да трошите пари на острач- едноставен трик во кујната (ВИДЕО)
Остриот нож, ќе ви кажат професионалните готвачи, е половина од работата кога станува збор за подготовка на храна. Остриот нож ни овозможува прецизно да ги исецкаме состојките што потоа ќе се готват или печат побрзо, а тапиот нож ги зголемува шансите за правење хаос!
Сепак, не секој има дома острач на ножеви дома, и кога навистина ви треба остар нож за малку месо или тврд зеленчук, пробајте го овој одличен трик!
Сè што ви треба за да не ја „гмечите“ храната е керамичка чаша! И постариот „модел“, бидејќи тие обично имаат нефарбано дно. Кога ќе ја свртите чашата наопаку, ќе видите раб што сè уште е во природна боја на керамиката.
По тој дел го поминувате со ножот околу десет секунди, од двете страни, и ножот брзо ќе стане остар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа