Нападнала полицајци: Ќерката на Мик Џегер е уапсена на Ибица

Ќерката на Мик Џегер, Џејд, е уапсена на Ибица откако наводно нападнала неколку полицајци, јавуваат локалните медиуми.

Инцидентот избил во ресторан, а таа поради своите постапки наскоро ќе мора да се појави на суд.

Таа цела ноќ ја поминала зад решетки, бидејќи прво вербално, а потоа и физички ги нападнала надлежните и одбила да послуша нивни наредби. Дизајнерката на накит (51) била на пријателска вечера на која во еден момент станала и насилна.

Вработените се обиделе да ја смират, но тоа воопшто не и се допаднало на неа и на другиот гостин на таа маса. Пријателот потоа започнал расправија, па дури и им се заканувал на другите кои вечерале во истиот ресторан.

-Некој се јавил околу девет часот да пријави нарушување на јавен ред и мир. Меѓутоа, додека пристигнала полицијата, човекот го напуштил барот откако на парот им било кажано дека повеќе нема да им носат пијачки. Случаен минувач тогаш ги известил надлежните дека маж малтретира луѓе на улица. Бидејќи не сакал ни да го каже своето име, туку бил насочен против нив, морал да биде уапсен. Прво извикала: „Глупава полиција“, а потоа турнала еден од нив и го удрила. Потоа и таа е уапсена, објаснил за „Мирор“ извор од местото на настанот и додал дека наследничката на Џегер дури и изгребала полицајка.

19.05.2023 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега