Зеленски: Русија мора веднаш да ги запре нападите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди руското бомбардирање на Украина, во кое во текот на ноќта во Киев загинаа најмалку девет лица, и притоа ја повика Русија „веднаш да ги запре“ нападите.
„Поминаа 44 дена откако Украина се согласи на целосен прекин на огнот и прекин на воздушните напади… И поминаа 44 дена откако Русија продолжува да го убива нашиот народ“, изјави украинскиот лидер на мрежата X.
Тој додаде дека „воздушните напади мора веднаш и безусловно да се прекинат“.
Зеленски рече дека ја прекинува посетата на Јужна Африка и се враќа дома откако Русија го нападна Киев.
Русија синоќа истрела 70 проектили и 145 беспилотни летала врз шест региони на Украина, соопшти украинското воздухопловство.
Воздухопловните сили „откриле и следеле 215 непријателски воздушни цели“, од кои 112 биле уништени, се наведува во соопштението на Телеграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа