Нападнат градоначалникот на општина Шуто Оризари


Полицијата постапувајќи по претходна пријава вчера извршила службен разговор со З.И.(47) од Скопје.

Како што информира денеска МВР, според пријавата, околу 15.30 часот во просториите на општина Шуто Оризари З.И. агресивно се однесувал и го нападнал К.Д.(49) од Скопје, градоначалник на општината.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

28.05.2024 - 16:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега