СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже за која цена го пушти Груби да избега

 


ВМРО-ДПМНЕ го боли фактот што после изборите им се откри вистинското лице, соработуваа со ДУИ, изгласаа четири закони заедно а потоа го пуштија Груби да побегне за сметка на оваа соработка. Ова е реалноста и сега мака мачат да го обвинуват СДСМ за некаква соработка со ДУИ, велат од СДСМ.

 

„СДСМ е партија која ќе грижи за своите интереси и интересите на граѓаните, а грижата за ДУИ му ја оставаме на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да го молат Груби да се вратат и да ги потценуваат граѓаните, треба да одговорат: Која е цената што го пуштија да избега и дали е тоа дел од соработката која ја имаа последниот период? 

Разбираме дека им пропадна пропагандната мантра СДСМ и ДУИ, но тоа не е наш проблем. Разбираме и дека со бегството на Груби граѓаните со право се сомневаат и ја препознаа нивната тајна соработка и сега не веруваат во пискотниците на Тошковски и Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е една лажна партија која освен пропаганда и лаги не нуди ништо конкретно за граѓаните, ниту има политики со кои може да се пофали“, стои во соопштението на СДСМ.

15.01.2025 - 10:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега