Напладне осветување на водите на Преспанското Езеро

Во сите храмови во Преспанско-пелагониската епархија со утринска литургија почна одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Централната прослава е во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола, каде митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар служи Света архиерејска литургија.

Во 11 часот ќе биде осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и ќе биде положен крстот за осветување на водите.

Напладне, свештеници на Преспанско-пелагониската епархија ќе ги осветат водите во Преспанското Езеро, во близина на туристичката населба Отешево, каде градоначалникот Јован Тозиевски ќе додели награда на најсреќниот учесник што ќе го фати живототворен крст

19.01.2024 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега