Направивте тест, негативни сте, а имате коронавирус - лекарите објаснуваат како доаѓа до лажни негативни резултати
Направивте тест, добивте негативен резултат и сега може да бидете убедени дека немате корна вирус? Се лажете! Многумина ги збунува токму ова, а објаснувањето е прилично едноставно.
Пред се, потребно е да поминат неколку дена од инфицирањето за евентуалната инфекција да се покаже на тестот.
- Знаеме дека инкубациониот период за Ковид може да трае и до 14 дена. Пред тоа, дури и ако сте инфицирани, може да сте негативни на тест затоа што работите често се одвиваат така во раните фази на инфекцијата, вели д-р Лијана Вен за Си-ен-ен. Но тоа што сте негативни, додава таа, не мора нужно да значи дека не сте заразени и дека не го носите вирусот.
Тоа сценарија е најверојатно затоа што се уште не поминало доволно од инкубацијата. Студијата објавена во магазинот Annals of Internal Medicine се бавела токму со лажните негативни тестови. Според нивните истражувања во текот на четири дена од почетната инфекција, пред да се појават симптомите, речиси е потополно сигурно дека тестот ќе биде негативен. На денот кога почнуваат да се појавуваат симптомите, веројатноста дека тестот ќе биде негативен е околи 38 %. Три дена откако ќе почнат симптомите нивото на веројатност дека тестот ќе биде лажно негативен опаѓа на 20 отсто.
На вирусот му треба време да се намножу во телото доволно за тестот да го детектира, објаснува Џастин Леслер, еден од авторите на студијата и професор по епидемиологија на Џонс Хопкинс Блумерг школата за јавно здравје.
Луѓето некако претпоставуваат дека ако сте негативни, дека тоа е тоа. Меѓутоа малку е посложено, вели д-р- Рошел Веленски, шефица на одделението за инфективни болести во болницата во Масачусетс.
Можно е да е потребно да поминат и до две недели инкубација, но просечно тоа се пет дена.
- Главно се смета дека најинфективни сте два дена пред појавата на симптоми и два дена по појавата, вели таа, а корона вирусот се шири толку лесно токму заради фактот дека се шири и кога немаме симптоми.
Два главни видови тестови - молекуларни и антигенски
- Молекуларните тестови, како ПСР тестовите, го бараат генетскиот материјал на вирусите. Повеќето од овие тестови се прават преку брисови од нос или грло, иако некои може да се направат и преку плунка, вели американскара Управа за храна и лекови (ФДА), а се додава и дека овој тест обично е мошне точен и нема потреба од повторување.
Антигенските тестови ги препознаваме како брзи тестови. Тие ги бараат специфичните протеини на површината на вирусите, а не генетскиот материјал на вирусите. Добра вест е дека резултатот од тестот на антигени може да го добиете за помалку од еден час. Лошата вест е дека е поголема веројатноста оти ќе добиете лажно негативен резултат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа