„Нашето девојче е добро, се бори, ќе успее“- Родителите на ранетата ученичка дојдоа да и ги соберат работите

 

Во Србија почна тридневната жалост, која беше прогласена поради трагедијата што се случи на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Тој ден ученикот Коста Кечмановиќ (13) уби девет лица – осум студенти и обезбедувачот Драган Влаховиќ, а повреди шест ученици и професорката по историја.

Како што пренесуваат српските медиуми, завршено е чистењето на училиштето, извршена е и дезинфекција.

Луѓето од утрово пристигнуваат на местото на трагедијата, пријателите им оддаваат почит на повредените ученици.

Дојдоа и родителите на девојчето кое е рането и се наоѓа во Тиршова, пренесуваат српските медиуми.

„Нашето девојче е добро, се бори, ќе успее. Наскоро ќе се врати овде и ќе заврши училиште. Ќе биде добро, мора да биде. Сега дојдовме да и ги земеме работите што останаа на училиште. Мора да издржиме, што друго“, изјавија за „Блиц“ родителите на девојчето рането во престрелката.

Во основното училиште „Владислав Рибникар“, по повод трагедијата што се случи во таа установа, ќе биде отворена книга на жалост во која граѓаните, ќе можат да се запишат во наредните три дена, беше објавено на веб-страницата на Владата на Србија.

05.05.2023 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа