Научници откриваат колку време штитат антителата

 

Секогаш сите луѓе заразени со коронавирус развиваат антитела кои ги штитат од повторна инфекција најмалку шест месеци, покажале резултатите од поголема британска студија.

Научниците се надеваат дека бројот на повторно инфицирани ќе биде помал.

Организацијата UK Biobank, која спровела нова студија, тврди дека резултатите покажуваат дека процентот на луѓе со антитела или серопреваленца постепено се зголемува во Велика Британија, што изнесувало 6,6 проценти на почетокот на истражувањето во мај и јуни 2020 година и пораснало во ноември и декември на 8,8 проценти.

Исто така, е откриено дека серопреваленцата на САРС-КоВа-2 е најчеста во Лондон каде изнесува 12,4 проценти и најниска во Шкотска - 5,5 проценти.

Научниците велат дека резултатите од студијата, кои ги разгледувале нивоата на претходна инфекција со коронавирус низ Велика Британија, како и колку долго биле присутни антителата кај заразените лица, може да покажат дека случаите на повторна инфекција ќе бидат поретки.

„Огромното мнозинство на заболени имаат антитела кои можат да се детектираат во организмот најмалку шест месеци по инфекцијата со коронавирус“, рече Наоми Ален, професорка и главен научник во UK Biobank, која го спровела истражувањето.

Тоа покажало дека дури 99 проценти од испитаниците имале антитела три месеци по инфекцијата со коронавирус, а по уште шест месеци тоа било случај со 88 проценти од нив.

„Иако сè уште не можеме со сигурност да кажеме како тоа влијае на имунитетот, резултатите од истражувањето покажуваат дека постои заштита најмалку шест месеци по инфекцијата“, рече Ален.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2021 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега