Научници тврдат дека оние кои по втор пат се инфицираат со коронавирусот, не се заразни за околината и не мораат да се изолираат

 

Оние кои го прележале коронавирусот не би требало да се самоизолираат доколку по вторпат го „закачат“ вирусот, тврдат група вирусолози.

Неодамнешниот панел на SAGE (Научна советодавна група за вонредни состојби) укажува на доказите на најдобрите вирусолози кои покажуваат дека пациентите кои некогаш имале коронавирус не можат да бидат повторно заразни доколку се реинфицираат во рок од неколку месеци.

Иако научниците сè уште не знаат со сигурност дали оние што зоздравеле може повторно да се заразат, вирусолозите велат дека има се повеќе докази дека со развојот на антитела има „помали шанси повторно да бидат заразни“ дури иако повторно се тестираат и покаже позитивен тест.

- ПЦР тестирањето е многу чувствително и може да открие присуство на вирусот долго откако индивидуата престане да биде заразна - наведува SAGA, додавајќи дека многумина веќе не се заразни дури и по првата инфекција, дури и кога вирусот е во крвта со недели по борбата со ковид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега