Османи: Албанците нема да дозволат демонтирање на Охридскиот договор и поништување на нивниот државотворен статус

 

Албанците нема да дозволат демонтирање на Охридскиот договор, нема да дозволат поништување на нивниот државотворен статус и трансформација во малцинство, враќање на мајоризацијата. Оваа акција не најде обединети, како што сме денес, но ќе не најде обединети и во превенцијата. Ги повикувам и Македонците, Турците, Ромите и Бошњаците да не дозволат клептократска влада, облечена во маската на национализмот, да презема акции што ќе го загрозат мирот, стабилноста и европската перспектива на нејзините граѓани. Нема да дозволиме Охридскиот договор да биде допрен“, вели кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи.

„Тоа е во директна спротивност со извршната наредба на американскиот претседател, кој го смета доведувањето во прашање на Охридскиот договор за антиамерикански интерес. И оваа изјава, која мислам дека е наредена од Советот на министри затоа што министерот не може сам да даде изјава. Нарачана е од премиерот, за потоа да може да излезе и да ја негира, но да се разговараа за темава и да се нормализира, како што беше со балансерот, со албанскиот јазик, со непочитувањето на волјата на граѓаните, да се излезе полека, да се донесе одлука преку ноќ, тоа не поминува“, посочува Османи.

22.08.2025 - 16:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега