Научниците пткрија колку долго коронавирусот се задржува на нашата кожа- само една работа може да ни помогне
Тој опстанува многу подолго отколку грипот, но со примената на две мерки тоа може да се смени.
Коронавирусот може да преживее на човечката кожа до девет часа, покажало најновото лабораториско истражување.
Опстанокот на Ковид-19 на човечката кожа е четири пати посупериорно во однос на грипот кој што се задржува помалку од два часа на човечката кожа.
„Изработивме модел кој што овозможува безбедна репродукција на клиничките истражувања за примената на патогенот на човечката кожа, а кој што откри колку Ковид-19 е стабилен“ - велат авторите на истражувањето.
Научниците од Универзитетот во Кјото во Јапонија добиле форензички примероци од човечка кожа за да избегнат заразување на здравите доброволци.
Потоа клетките од кожата ги помешале со примероци од Ковид-19 и со вирусот од типот А кој што исто така се шири по пат на респираторни капки и човечки контакт.
Резултатите покажале дека вирусот преживеал 1.8 часа, а коронавирусот дури 9 часа.
Кога помешале слуз со примероци од горните дишни патишта, коронавирусот опстанал 11 часа во споредба со 1.69 часа - колку што преживеал грипот.
И двата вируси во рок од 15 секунди биле во целост деактивирани со дезинфекциско средство за раце кое што содржело 80 отсто алкохол.
Моментално, центрите за контрола и превенција на болести препорачуваат употреба на дезинфекциско средство за раце на база на алкохол со јачина од 60 до 95 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа