Научниците загрижени: Стравуваат дека загадувањето може да влијае на нови бранови на коронавирусот

Постојат убедливи докази дека загадувањето на воздухот ја зголемува инфекцијата од коронавирусот, и дека влијае на бројот на заразени и стапката на смртност, се наведува во најопширната анализа досега спроведена во Холандија.

Истражувањето кое го пренесува "Guardian" покажува дека долготрајната изложеност на луѓето на честички од загаден воздух ја зголемува можноста од заболување од Ковид-19 за околу 10 проценти, па ја зголемува смртноста од оваа болест за 15 проценти. 

Холандските истражувачи земале во предвид повеќе од 20 други фактори, вклучувајќи ја и просечната густина на населеност на некое место, староста на населението, големината на домаќинствата, професиите на луѓето и гојазноста.

Има се повеќе докази од големите градови од Европа, САД и Кина дека загадениот воздух го зголемува влијанието на коронавирусот на луѓето. Меѓутоа, ова истражување е единствено бидејќи покажува дека најлошо загадување има во руралните подрачје, каде мештаните интензивно се занимаваат со сточарство. Поради тоа истражувањето ја исклучува идејата дека полуцијата го погодува само градското население кое станува поподложно на вируси поради делувањето на штетните честички.

Научниците предупредуваат дека е важно уште подлабоко да се разбере врската меѓу полуцијата и коронавирусот за луѓето да знаат да се соочат со ново избивање на вируси во иднина. Оваа врска може да сигнализира каде новите бранови би можеле најсилно да удрат, а научниците сметаат дека токму загадувањето на воздухот би можело да влијае новите бранови на епидемијата.

Веќе е познато дека загадениот воздух предизвикува срцеви и респираторни заболувања кои луѓето ги прават ранливи, а со тоа и поподложни на инфекции од Ковид-19, велат научниците.

"Со користење на детални податоци пронаоѓаме уверливи докази за позитивната врска меѓу загадувањето на воздухот, посебно меѓу концентрацијата на ситни честички и влошувањето на епидемијата на коронавирусот", заклучиле истражувачите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега