Наутро, попладне или навечер - кога не треба да конзумирате кафе

 

Кафето е еден од најпопуларните напитоци на светот, кој се пие веднаш штом се стане од кревет.

Многумина го конзумираат штом се разбудат, меѓутоа според последните информации кои ги утврдиле научниците, ако конзумирате кафе веднаш по будењето можно е да нема добро влијание за вашиот организам.

Ова се случува бидејќи хормонот на стрес коритозл рано наутро го достигнува својот врв. Кортизолот е хормонот кој може да ја зголеми будноста и фокусираноста, но исто така ги контролира и имуниолошкиот систем и крвниот притисок/

Експертите предлагаат кафето да го конзумирате тогаш кога нивото на коризол ви е ниско. На пример, ако станете во 06:30 часот конзумирајте го меѓу 09:30 - 11:30 часот наутро.

Втора причина зошто кафето не треба да го конзумирате веднаш по будењето е тоа што кофеинот може да го зголеми нивото на кортизол.

Но, ако сакате да го зголемите нивото на енергија пред тренинг, експертите предлагаат да го конзумирате 30-60 минути пред вежбање. Од друга страна кафето може да предизвика анксиозност и проблеми со спиењето. За да немате несоница избегнете пиење кафе 6 часа пред спиење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега