Не дочека да си го види синот - Се породи сопругата на Игор Југ

 

Ивана Југ, сопруга на Игор Југ, еден од осудените за случувањата во Собранието за 27 април, се породи и на свет донесе момченце.

Ивана ја сподели убавата вест на социјалните мрежи и на новороденото му посака да стави крај на маките кои со години ги трпи нејзиното семејство.

За потсетување, Игор Југ почина на 54. годишна возраст на 7. февруари годинава.

 Југ бараше слобода и повторување на постапката за „27 април“, со тврдење дека никој од осудените не е терорист ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а негово последно излагање беше во поткастот „Претрес со Ландов“.

 

10.06.2025 - 10:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега