Не губеше време: „Новиот штаб“ на Трамп се наоѓа на Флорида- поранешниот американски претседател официјално отвори канцеларија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп официјално отвори канцеларија во Флорида.

Кабинетот на поранешниот претседател „ќе биде одговорен за управување со преписката, јавните изјави, настапи и официјални активности на Трамп за унапредување на интересите на Соединетите држави“, се вели во соопштението.

Канцеларијата исто така „ќе ја спроведе агендата на администрацијата на Трамп преку застапување, организација и јавен активизам“, се вели во соопштението.

Канцеларијата беше отворена пред помалку од една недела откако Трамп ја напушти функцијата.

Минатиот петок Трамп рече дека ќе се врати во некоја форма, но не прецизираше како, пренесува „Њујорк пост“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега