Не ја фрлајте: Водата во која варите тестенини е многу корисна

 

Тестенините се едно од омилените јадења на голем број Македонци, па често ги подготвуваме дома, но следен пат кога ќе ги варите не ја фрлајте водата, туку сочувајте ја и со неа направете нешто корисно.

Имено, таа е богата со хранливи материи па со неа полијте си ги билките. За нив таа ќе биде како природно ѓубриво и вистинска храна, па тие ќе цветаат дури и во зима и ќе бидат свежи.

Цел живот погрешно сме цеделе тестенини – Ова е вистинскиот начин
Тестенините ги обожаваме сите, подготвувањето е многу лесно, едноставно ги вариме, но на сите ни претставува потешкотија нивното цедење.

Цедалката е наједноставниот начин за цедење на тестенините, но по видеото кое излезе на социјалните мрежи очигледно е дека целиот живот потполно погрешно сме ја користеле.

На социјалната мрежа Тик-Ток се појави видео снимка од правилно цедење тестенини, а истата стана неверојатен хит меѓу луѓето.

Имено, начинот на кој што поголемиот дел од нас ја цеди храната по варењето е погрешен бидејќи содржината од тенџерето во моментот кога го правите тоа не треба да се премести во цедалката, па потоа да се врати во тенџерето. Цедалката се става на тенџерето, а потоа целата содржина се цеди.

Авторот вели дека оваа метода е многу едноставна и дека истата му го олеснила животот, но исто така и дека го намалува оптеретувањето на зглобовите на вашите раце.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2021 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега