Не претерувајте со големи дози витамин Ц и цинк - може да предизвикаат и нуспојави

 

Првата студија во која под медицински надзор било клинички тестирано дејството на високите дози витамин Ц и цинк на симптомите на Ковид-19 покажала разочарувачки резултати.

Како што е објавено во написот на американските лекари на научната мрежа „JAMA“, не само што големите количини суплементи не им помогнале на заболените туку истите довеле и до непријатни нуспојави.

„Забележани се контраефекти како мачнина, дијареа и грчеви во стомакот, и тоа во група испитаници кои примале високи дози витамин Ц“, пишува во написот.

Истражувањето опфатило уште 3 групи – едната група добивала цинк, другата примала витамин Ц и цинк, а последната била контролна, со вообичаена терапија против коронавирус.

Резултатите биле толку разочарувачки што студијата била прекината предвреме бидејќи станало јасно дека нема ефект од давање мега дози. Пациентите примале 8 гр. витамин Ц дневно, поделено во 2 до 3 дози со јадење и 50 мг. цинк кој го земале навечер или само еден од двата суплементи.

Ниту еден од овие режими на суплементација не дал подобри ефекти, дури напротив – цинкот кај некои предизвикал чувство на метален вкус во устата и сушење на усната празнина, како и мачнина.

Претходните истражувања покажаа дека дневно препорачаната доза на цинк е 40 мг., а дека се што е над 2 гр. витамин Ц дневно може да предизвика низа тегоби. Од ова треба да се исклучат ситуациите кога витамините се примаат интравенозно, што се прави исклучиво по препорака на лекар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2021 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега