Неколку скопски улици останаа без вода

Поради уличен дефект на улицата „7“ без број, кај Поштата, во село Батинци, без вода утрово се неговите мештани и корисниците од селото Љубош, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Водоснабдувањето е прекинато од 7.45 часот и ќе биде до санирање на дефектот.

Без вода денеска од 8:50 часот се корисниците и од улица „Дижонска“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ -  Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф 5/4“ на ул.„Дижонска 19/28“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. 

03.07.2024 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега