Неколку улици во Скопје денеска ќе останат без вода

Поради изведување водоводен приклучок ф-90 мм на ул. 1/бб Батинци, односно пат за Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на истата улица.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 10:10 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради уличен дефект ф-80 мм, пак, на ул. „Теодосие Синаетски“ 20a, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„Теодосие Синаетски“, „Нерешка“ и населбата „Трнодол“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

05.06.2024 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега