Нема да одмараме само утре: Наскоро следува уште еден неработен ден, но тогаш ќе имаме споен викенд
До крајот на годината остануваат уште три неработни дена, од кои еден ни доаѓа токму утре на 11 октомври, додека другиот е споен викенд кога ќе одмараме три дена и тоа на 23 октомври.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,
• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,
• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа