Нема туристичка сезона во Црна Гора: „Ни доаѓаат само наши луѓе од дијаспората, туристи нема“

 

Туристичка сезона во Црна Гора оваа година нема, а интересот за патување таму е многу мал, изјавил денеска претседателот на Асоцијацијата на туристичките агенции на Црноа Гора, Орхан Хоџиќ.

Најновите податоци на Централната банка на Црна Гора покажуваат дека поради последиците кои ги предизвикала пандемијата коронавирус, блокирани се сметките на најмалку 4 туристички агенции во Црна Гора.

Хоџиќ вели дека тоа е само мал број во однос на она што туристичките агнеции ги очекува во наредниот период.

„На камерите на МВР кои се наоѓаат на граничните премини може да видите дека туристи нема, нема ни да има на границата со ЕУ. Доаѓаат само наши луѓе од дијаспората, вистински туристи нема. Вистинска сезона нема, интересот за патување е мал“, рекол тој.

Тој вели дека сметал дека оваа сезона ќе биде најдобра досега.

„Но, се случи сосема спротивно и тоа не уништи. Сето ова што се случува во последните неколку дена е недоволно за било што да се направи. Добро е што кафулињата, рестораните, поедини хотели работат во однос на туристичките агнеции“, вели Хоџиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега