Непријатно ми е, додека снимав - ми гореше маалото: До темел изгоре куќата на Мел Гибсон
Актерот Мел Гибсон откри дека неговиот дом е уништен во шумските пожари во Лос Анџелес. Во тоа време, тој беше во Тексас и го снимаше подкастот на Џо Роган. Рече дека неговиот имот во Малибу целосно изгорел и го критикуваше гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом за ситуацијата.
Тоа е емотивно, се разбира. Моите работи беа таму, сега се во пепел“, изјави тој за News Nation. Тој вели дека му било многу непријатно за време на снимањето на целото интервју со Роган бидејќи му било лошо што бил таму додека му гори маалото.
„Се прашував дали мојата куќа сѐ уште е таму. Кога се вратив, се разбира, мојата куќа ја немаше“, додаде тој.
Актерот вели дека интензитетот на уништувањето целосно го шокирал.
„Целосно изгорено. Никогаш не сум видел такво нешто“, вели тој. Гибсон живеел таму 15 години. Откри дека изгореле и куќите на неговите соседи, вклучувајќи ја и онаа на актерот Ед Харис.
Пожарите го опколија Лос Анџелес. Официјалните лица потврдија најмалку 10 смртни случаи, но се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми. Десетици илјади луѓе беа евакуирани, околу 10.000 домови беа уништени, а штетата се проценува на десетици милијарди долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа