Неславен рекорд: Маж го поминал теореткиот дел од возачкиот испит откако паднал 157 пати

 

Неименуван маж од Велика Британија успеал да го положи теоретскиот дел од испитот за возачка дозвола откако 157 пати не успеал да даде доволно точни одговори.

Британскиот „Driver and Vehicle Standards Agency“ неодамна известил за новиот неславен рекорд. Маж, чие име не е објавено поради зачувување на приватноста, успеал да го помине теоретскиот испит откако претходно паднал дури 157 пати, а покрај тоа потрошил 3.600 фунти, пренесува „Oddity Central“.

Неколку медиуми го нарекле најлошиот возач на светот, но други го опишале како пример за истрајност.

 

„Вистина е кога велат - ако не успеете од прва, пробајте повторно... Полагањето возачки испит може да биде еден од најтешките животни предизвици и на некои од нас им требаат многу повеќе обиди отколку на другите“, рекол за „Lad Bible“, Марк Танг, директорот на компанијата „Select Car Leasing“.

Иако неименуваниот маж моментално е на прво место со најмногу неуспешни обиди за полагање возачки испит, тој има сериозна конкуренција. Податоците на DVSA покажуваат дека на второ место е жена во 30-те години која паднала 117 пати и сè уште не поминала, додека на трето место е жена која успеала да помине од 94 обиди.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега