Несреќа во Македонија, внимавајте: Камион-цистерна се заби во карпа

 

Уште една несреќа ја потресе Македонија.  Вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112 била пријавена опасна ситуација на патниот правец од Скопје кон Велес.

Лице што патувало во правец кон Велес пријавило дека пред патарината камион-цистерна удрил во карпи покрај патот, при што настанале одрони.

ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта презело мерки за расчистување на теренот.

Се апелира до возачите да бидат внимателни.

15.04.2025 - 08:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега