Паднаа двајца полицајци - лажеле дека извршиле надзор на куќен притвор
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, против Д.К., полициски службеник во Единицата за службени кучиња и П.И., полициски службеник во ПСОН Аеродром при СВР Скопје поднесе кривична пријава за кривично дело “Неизвршување на судска одлука“ по член 377 став 2 од КЗ.
Пријавените полициски службеници во својство на службени лица на 16.03.2024 одбиле да извршат правосилна и извршна судска одлука што биле должни да ја извршат, односно истите не постапиле по решение на Основниот кривичен суд Скопје, Оддел за претходна постапка за определување мерка куќен притвор спрема лице во Скопје и одбиле да извршат и не извршиле надзор над куќниот притвор, а за истото изготвиле службен материјал-службена белешка дека бил извршен надзор и дека лицето било затекнато во својот дом и се придржувал до мерките.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа