Нетанјаху им порача на Велика Британија и на Германија: Израел сам ќе донесе свои одлуки
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел сам ќе донесе одлуки
„Сите тие имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно – ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки, а израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани“, рече Нетанјаху по состанокот со британските министри за надворешни работи и Германија, пишува Гардијан.
Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Џејмс Камерон изјави дека дошол на состанокот за да се солидаризира со Израел, но и дека се надева дека неговиот одговор на иранскиот напад ќе биде „паметен и што е можно поограничен“, пренесе Би-Би-Си
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа