Нетанјаху: Има датум за влез на израелската армија во Рафах
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „има датум“ за влез на израелската армија (ИДФ) во градот Рафах, кој се наоѓа на границата на Појасот Газа и Египет.
„Ние работиме цело време за да ги постигнеме нашите цели – ослободување на сите заложници и постигнување целосна победа над Хамас“, рече Нетанјаху во видео-обраќање, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека Израел не може да победи во војната против Хамас без воена операција во Рафах.
08.04.2024 - 23:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа