„Нетфликс“ и „Скајденс анимација“ потпишаа повеќегодишен договор

 

„Нетфликс“ потпиша повеќегодишен договор со „Скајденс анимација“ за развој на анимирани играни филмови, кои ќе бидат објавени исклучиво на „Нетфликс“, соопшти стриминг-гигантот во средата.

Џон Ласитер, поранешен шеф за анимација на „Волт Дизни“ и коосновач на „Пиксар“, ќе ја води продукцијата на филмовите. Ласитер почна да работи во „Скајденс анимација“ во 2019 година откога зеде отсуство од „Дизни“ во 2017 година. Тој беше движечка сила зад анимираните хитови, како „Приказна за играчките“ (Toy Story) и „Автомобили“ (Cars).

Договорот со „Нетфликс“ доаѓа по неколку креативни соработки меѓу двете компании, вклучително и филмовите „Проект Адам“, „Деца шпиони: Армагедон“, како и ТВ-сериите „Фубар“ и научната фантастика „Изменет јаглерод“.

Првиот филм од повеќегодишниот договор е „Спелбаунд“ – приказна за принцеза во мисија да го спаси своето семејство од магија – и ќе биде објавен на „Нетфликс“ во 2024 година.

„Спелбаунд“ ги следи авантурите на Елијан, упорна принцеза која мора да ги спаси семејството и кралството откога мистериозна магија ќе ги трансформира нејзините родители, кралот и кралицата на Лумбрија, во чудовишта. Рејчел Зеглер, Никол Кидман и Хавиер Бардем се вклучени во гласовната екипа.

19.10.2023 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега