Нетфликс одлучи повторно да ги зголеми цените

 

Нетфликс одлучи повторно да ги покачи цените.

„Како што го подобруваме Нетфликс, повремено ќе бараме од нашите корисници да платат малку повеќе за да го оправдаат овој напредок, што пак ќе донесе нови инвестиции и подобрувања на нашите услуги“, велат од компанијата.

Во ноември 2022 година, тие лансираа верзија поддржана од реклами, а се борат и со споделувањето лозинки.

На почетокот на месецов објавија дека имаат 23 милиони активни корисници во рекламниот сегмент, што според прогнозите на експертите е меѓу 12 и 15 милиони што се рекламираат.

Инаку, Нетфликс има повеќе од 260 милиони претплатници ширум светот, а цената за рекламниот сегмент во САД чини 6,99 долари и не е зголемена откако е воведен.

Во писмото до инвеститорите Нетфликс не наведе колку планира да ги зголеми цените ниту за кои региони се однесува, па прашање е дали ќе важи и за кај нас. Сепак, во секој момент е можно да се воведе поскапувањето за овој регион.

 

26.01.2024 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега