Невролог: Спиењето помалку од шест часа дневно, е опасно по животот на човекот
Познато е дека недостатокот на сон го зголемува ризикот од дебелина, депресија, срцев удар и мозочен удар. Неодамнешните истражувања покажаа дека недостатокот на сон има последици за мозокот.
Ако сте будни 18 часа дневно, влијанието врз мозокот е исто како кога сте пијани, покажуваат резултатите од најновата студија. Затоа, недостатокот на сон ве прави ризичен возач.
– Спиењето игра важна улога во регулирањето на хормоните кои влијаат на гладот, а недостатокот на сон го зголемува апетитот и доведува до прејадување, а подоцна и до дебелина, вели неврологот Адријан Овен.
22.04.2022 - 15:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа