Николоски: Барањето на ДУИ за премиер Албанец за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори и ние имаме свој кандидат за премиер, а барањето на ДУИ за премиер Албанец за нас е неприфатливо, одговори денеска потпретседателот на партијата Александар Николоски на новинарско прашање, доколку по изборите се создаде ситуација да не може да се формира влада без коалиција со ДУИ, дали ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го прифати нивниот предлог за премиер Албанец.

„Ние сме убедени  дека ќе победиме на овие избори и ќе победиме така убедливо што нема да има дилема околу формирањето владата, а уште помалку ќе има дилема околу тоа кој ќе биде премиер на следната влада. Ние имаме кандидат за премиер тоа е претседателот на партијата Христијан Мицкоски и Христијан Мицкоски ќе биде премиер на владата на Република Македонија. По однос на барањето на ДУИ, кратко и едноставно тоа е неприфатливо за нас, сметаме дека е од пропагандни цели и дека тоа барање не може на ниеден начин да биде прифатено од ВМРО-ДПМНЕ и нема да биде прифатено ни сега ни во иднина“, рече Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега