Николоски: Македонското општество треба силно да работи кон внатрешни реформи и економски развој

Имавме денес исклучително интересен, квалитетен настан заедно со фондацијата Конрад Аденауер. Разговаравме околу перспективите за европската иднина на Македонија, посветени на Денот на Европа, рече на прес-конференција Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

И она што го истакнав во обраќањето можам да го повторам, а тоа е дека во Македонија сите политички партии имаат јасна определба кон членство на Македонија во ЕУ. Тоа дава една сила кон целиот овој процес на европска интеграција. Но, во исто време сме соочени со блокадата која што за жал ја наметна Бугарија. И мислам дека треба да македонското општество силно размислува на свртеност кон себе односно на внатрешни реформи и економски развој, пред се во битката со организираниот криминал и корупција, како и на економскиот развиток во делот на инфраструктурата и во делот на отворање на нови работни места, истакна Николоски.

Беше корисно да се слушнат и мислењата од останатите учесници, пред се на амбасадорката на Германија и претставникот на фондацијата на Конрад Аденауер, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2021 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега