Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија
Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање проекти може да се најде и од други извори, но, вакво ниво на политички односи тешко се стекнува на друго место, вели вицепремиерот Александар Николоски.
Според него, Договорот со Обединетото Кралство има структурна компонента, има и подршка во реформи, подршка на здравството, образованието, финансиска компонента, но на прво место е политичката компонента.
-Имаме држава за партнер од која Македoнија може да добие само многу. Ние со децении зборуваме дека на Македонија и е потребна голема држава како покровител. За жал претходните влади не направија ништо таква држава да застане позади нас, а еве ние успеавме втората најмоќна сила да застане позади нас и затоа велам дека Договорот е историски и 22 мај ќе остане запаметен во македонската историја и долго ќе се зборува за тој датум како датум за кој што Македонија со Велика Британија оствари партнерство и тоа партнерско е уникатно имајќи предвид дека никој друг во регионот нема потпишано таков Договор и тој носи голема, голема додадена вредност во себе, потенцира вицепремиерот Николоски во емисијата „Вечерно Шоу со Богдан Илиевски”.
Целиот процес нагласува министерот Николовски, е транспаретен.
-Критиката од опозицијата е добра, бидејќи ние решивме целиот процес да го водиме транспарентно за разлика од претходните времиња и претходни влади. Видовте дека ние Договорот го доставивме во Собрание целиот, не рековме дека е таен или е државна тајна. Гледате дека за секој чекор ја информираме јавноста и мислам дека тоа што опозицијата критикува им се враќа како бумеранг затоа што имаме целосни информации за јавноста за тоа што се случува, вели Николовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа