Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе има 55-56 пратеници, можеби и повеќе

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека очекува партијата да издвојува најголема победа на една опозициска партија во историјата.

„Очекуваме да добиеме 55-56 пратеници, а можеби и повеќе“, рече Николоски и додаде:

„Би сакале да имаме чист мандат, и да не зависиме од никого. За коалиции ќе разговараме по изборите“, вели Николоски.

Тој претходно кажа дека ВМРО-ДПМНЕ од албанските партии, сака да коалицира со сегашната албанска опозиција.

 

28.03.2024 - 22:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега