Николовски од Виница: Тргнува караванот на победата, чекориме храбро кон чист мандат за нови успеси

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска од Виница го најави почетокот на изборната кампања на Коалицијата предводена од СДСМ, „Можеме.

Вели дека за кратко време направиле многу успеси и од нема да се срамат.

- Бараме чист мандат за да направиме уште повеќе и уште подобро. Бидејќи можеме! Можеме уште подобро со минималната плата. Замислете, таа беше 9.000 денари, срамота! Успеавме за две и пол години да ја покачиме на 14.500 денари, а до крајот на следниот мандат предвидуваме раст до 20.000 денари! Можеме уште подобро во земјоделството каде годишно ќе се добиваат 200 милиони евра и нафтата што се користи за земјоделска механизација ќе биде 100% покриена од државата, рече Николвски.

Вели дека можат да направат уште послободно место за живеење и работење.

- Наместо заробени и украдени бизниси, ќе подржуваме микро и мали претпријатија со по 10.000 евра за нивно развивање и ќе помагаме женско и младинско претприемништво со грантови од 5 до 15.000 евра за почеток на сопствен бизнис. Можеме уште подобро во патната инфраструктура. 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 950 километри локални патишта и рехабилитација на дури 1.500 километри од постоечките патишта. Сето тоа во следниот мандат, бидејќи најважно е да се комуницира, да се тргува, да се разменуваат добра и услуги. Можеме уште повеќе во социјалната сфера. 34.000 домаќинства ќе примаат гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток. Предвидуваме и 777 социјални станови за период од само 2 години, рече Николовски.

Според него, веќе нема привилегирани региони во државата, нема веќе привилегирани градови.

- Сите сме еднакви. Сите ќе се развиваме подеднакво. Програмата е навистина најдобрата програма досега. Ветувањата се исклучително реални бидејќи работевме домаќински изминативе две и пол години, а со членството во НАТО и преговорите со ЕУ ќе направиме уште повеќе зошто ни се отвораат врати кои отсекогаш ни биле затворени. А ги затворија оние кои десетина години на власт развиваа само корупција и непотизам, сееја страв и наместо кај граѓаните, парите ги насочуваа кон џебот на бегалецот од Будимпешта кој нескриено раководи со мајсторите за лажни вести, фејк-њуз ВМРО на чело со Мицкоски како кукла на конци. Но, тие се во минатото. Доаѓаат убави години и треба да ги искористиме. Ќе одиме напред. Сите граѓани, сите партии, сите ние. Побрзо да дојде време кога луѓето ќе ги бираме по квалитет, а не по партиски книшки. И само така ќе се ослободиме еднаш засекогаш од непотизмот и корупцијата. Од тој рак на општеството, рече генеларниот секретар на СДСМ.

Николовски од Виница: Тргнува караванот на победата, чекориме храбро кон чист мандат за нови успеси

Posted by Press24.mk on Wednesday, 24 June 2020

24.06.2020 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега