Николовски: Војуваме со криминал и корупција вкоренети десетина години

Војуваме со криминал и корупција вкоренети десетина години“, пишува генсекот на СДСМ, Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил.

Тој посочува дека од илјадниците неправди во 11-те години под терор и страв, најтешко му паѓаат срамните односи со минималната плата и социјалните случаи, луѓето на кои им е најтешко.

– За нив минималната плата беше само бројка. Но, не е. Тоа е живот за некого. Да купиш леб, млеко, основни работи за дома. Да си го одржиш кровот на глава. Да можеш децата да си ги облечеш. Затоа веднаш ја покачивме и сега е 14.500 денари. А можеме и повеќе! До крајот на нашиот следен мандат ќе ја зголемиме до 20.000 денари, посочува Николовски.

Според него, ако луѓето немаат основно достоинство во животот, ништо друго не им преостанува освен да ги спакуваат куферите.

– Доста е. Да извезуваме македонски производи, не Македонци!, завршува генералниот секретар на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега