Ако се дозволи да склучуваат бракови, хомосексуалците во Србија ќе можат да одгледуваат и деца

Доколку во Србија се усвои предлог законот за истополни бракови, тогаш за прв пат две мајки и двајца татковци ќе може да чуваат деца.

- Партнерите имаат право да чуваат малолетни деца со партнерот со кој имаат блиска и интимна врска, се вели во законот за регистрирање на хомосексуалните бракови, пренесува Телеграф.

Па така, со законот кој на 4 јуни ќе биде претставен во Србија, се предвидува ако се поддржат хомосексуалните бракови, парот да може да чува и деца.