Урнебесно: Поголеми се шансите дека ќе ве “апне“ Суарез отколку ајкула
За уругвајскиот репрезентативец Луиз Суарез заврши Мундијалот во Бразил, откако на терен го гризна Италијанецот Џорџ Кјелини. Ова е трет пат Суарез да гризне фудбалер од противничкиот тим.
Овие настани заинтригирале новинар од весникот Њу Стејтсмен, кој одлучил да пресмета дали е поголема веројатноста да ве гризне Суарез или да ве гризне ајкула.
Суарез од 2005 година, одиграл 441 натпревар за репрезентацијата на Уругвај и разни клубови. Под претпоставка дека секој натпревар го започнуваат 11 играчи и три замени, 6.160 фудбалери играле против Суарез и ризикувале да бидат каснати.
Шансите дека некој од фудвалерите кои играле против Уругваецот ќе биде каснат од него, се движат од околу 1 спрема 2.000. Од друга страна, шансите да ве гризне ајкула додека пливате во океан се еден спрема 3.7 милиони. Помали се шансите и дека ќе ве погоди гром (1 спрема 10.000) или дека ќе загинете во авионска несреќа (1 спрема 11 милиони).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа