Прегазениот полицаец се уште во критична состојба - МВР го бара суровиот возач

Полицаецот кој вчера беше прегазен на патот Кичево-Охрид се уште е во критична состојба, дознава Канал 5.

Несреќата се случила  во 1 часот по полноќ, кога полицаецот се обидел да застане автомобил за да изврши рутинска контрола. Според информациите на Канал5, возачот ја зголемил брзината, удрил во полицаецот, носејќи го со себе 10тина метри. Откако сурово го прегазил, возачот избегал од местото на настанот.

Полицаецот бил пренесен во кичевскиот Клинички центар, а оттаму поради сериозноста на повредите бил пренесен на скопските клиники.

Полицијата привела малолетно лице за кое постојат сомненија дека можеби бил зад воланот. Полицијата нема информации за марката на возилото, ниту за тоа дали возачот бил под дејство на алкохол.

29.06.2014 - 15:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега