Се заби во цистерна и почина на лице место - детали за страшаната сообраќајка пред Богородица

Жена чиј идентитет се уште не е познат загина во тешката сообраќајна несреќаа која утрово се случила на 3 километри пред граничниот премин Богородица. Како што информира полицијата, жена со државјанство на Белгија, управувајќи Тојота Авенсис караван со белгиски ознаки, удрила во цистерна со скопски регистерски таблички. Од ударот, на лице место починала сопатничката во Тојотата, а возачот на цистерната се здобил со повреди. 
Сообраќајот кон граничниот премин Богородица се одвива отежнато. Автомобилите се пренасочуваат преку селото Богородица.

30.06.2014 - 10:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега