МВР го спасуваше со хеликоптер: Мотоциклист паднал на Солунска глава

Мотоциклист бил тешко повреден во несреќа која ја доживеал вчера на Солунска глава, пишува порталот Курир.

Според информациите на порталот, група мотоциклисти биле на местото викано Солунско поле. Еден од нив паднал и заработил тешки повреди. Поради непристапноста на теренот, пишува порталот, била побарана хеликоптерска помош од МВР.

Полицијата реагирала навреме и мотоциклистот бил извлечен и пренесен на скопскиот Ургентен центар.

 

30.06.2014 - 10:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега