Крвава пресметка во Василево: Го претепале со безбол палки

30-годишниот И.Р. 27-годишниот В.С. и 61-годишниот З.Р. си заработија кривична за насилство. Пред два дена во 21 часот, пред пекарата „Валери М“ во Василево настанала вербална расправија помеѓу вработениот А.Р. и В.С, поради претходни добиени закани по телефон во врска со претходна тепачка.

В.С. толку се здивел што извадил безбол палка со која му се заканувал дека физички ќе го нападне А.Р. По кратко време на местото на настанот пристигнале другите пријавени, при што И.Р. со метална шипка го нападнал А.Р, а откако излегле и синовите на А.Р. настанала тепачка. 

01.07.2014 - 12:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега