Сникерс торта
Направете вкусна сникерс торта, еве што ви е потребно
Состојки:
200 гр несолени кикирики
10 белки
10 лажици шеќер
5 лажици брашно
200 гр мелени кикирики
Половина кесичка прашок за пециво
За кремот:
10 жолчки
1 јајце
200 гр шеќер
100 гр чоколада
1 пакување маргарин
За глазурата:
100 гр чоколада
100 гр маргарин
Подготовка:
Изматете 10 белки со 10 лажици шеќер, па на крајот додадете 5 лажици брашно, 200 гр мелени кикирики и пециво. Убаво измешајте со лажица и сипете ја смесата во плех. Печете на 150 степени.
Направете крем од 10 жолчки и едно јајце, 200 гр шеќер, 100 гр шоколада и на крајот од матењето ставете го и маргаринот.
Бисквитот најпрво посипете го со сецканите кикирики, па ставете го кремот и на крајот сипете ја глазурата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа