Договорена откупната цена на пченицата
Мелничарите и производителите на пченица, денеска, на средба во министерството за земјоделство, на која присуствуваа и министерот Михаил Цветков и заменикот министер, Зоран Коњановски, ја договорија откупната цена за годинашната пченица.
Под 72хл тежина препорачаната цена на пченицата ќе биде 10 денари. Од 72 до 76 хл тежина, цената ќе биде 11 денари, од 76 до 78 хл тежина цената ќе изнесува 12 денари и над 78 хл тежина цената ќе изнесува 13 денари и повеќе со зголемување на хектолитарската тежина.
На крајот од состанокот двете страни и мелничарите и производителите на пченица истакнаа дека се задоволни од договореното.
Согласно разговорите, преработувачите треба на видно место да ја објават конечната цена по која ќе го откупуваат лебното жито и двете страни се обврзаа да ги почитуваат одредбите од правилникот при откупот на пченицата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа