МНР до Самарас: Македонскиот јазик е реалност

Министерството за надворешни работи на Република Македонија реагираше по изјавата на грчкиот премиер Андонис Самарас дека македонскиот јазик не постои. 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

Г-дин Самарас, во Брисел  изнесе ставови кои се однесуваат на Република Македонија. Тие се одраз на личен демократски капацитет и за прифаќање на различности во модерното европско општество. Значајно е во овој контекст да се спомне следното:

 

1.        Не е добро политичар од земја членка на ЕУ да руши столбови на владеење на правото и демократските принципи;

2.       Не е добро да се игнорираат пресуди на Меѓународниот суд на правдата кои се однесуваат на кршење на меѓународното право;

3.       Најмалку е добро да се потикнува нетолератност кон разликите преку манипулирачки изјави за непризнавање на посебности на држави, етникуми, јазици и идентитети;

4.      Македонскиот јазик е реалност официјално препознаена дури и во Атина, како од периодот пред и помеѓу светските војни, така и во рамки на третата конференција за стандардизација на географски имиња, одржана во Атина во 1977 година.

5.       На крај, несоодветно е политичар кој инсистира на солидарност во финансиски контекст, да подзаборава на иста солидарност во демократски контекст, во што секако спаѓа и почитувањето на посебностите и основните човекови права.

 

(Ијнтегрален текст од писмена изјава на Лолита Хасани од Секторот за односи со јавност од Министерството за надворешни работи)

04.07.2014 - 13:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега