Полицијата бара помош за идентификување на удавеното момче во Охрид
Безживотно машко тело, утрово во 7 часот и 20 минути било забележано во водите на Охридското Езеро, на околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје во Охрид. Се работи за машко лице од близу 25-годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави а под неа германски спортски дрес.
Полицијата бара помош за идентификување на момчето. СВР Охрид ги замолува граѓаните секоја корисна информација да ја достават до СВР Охрид или нателефонот 192.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа