НОВ РАСПОРЕД: Сообраќајот се поремети - автобусите сообраќаат по нови траси

Поради градежните работи за реконструкција на сообраќајна лента на улицата „Димитрие Чуповски“, пред автобуското стојалиште спроти „Рекорд“, трасата на повеќе автобуски линии е изменета. Еве кои линии ќе се променат...

- линиите бр. 3, 3А, 3Б, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 25 кои се движат по бул.„Кочо Рацин“ продолжуваат по ул. „Св.Кирил и Методиј“  (пред Рамстор) и продолжуваат по своите траси.

- линиите бр. 26, 50, 57, 57А и 59 кај градска болница вртат лево по ул. „11 Октомври“ , десно по бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Св.Кирил и Методиј“ (пред Рамстор) и продолжуваат по своите траси.

-линијите  бр. 4 и 4А од ул.„11 Октомври“ вртат лево по бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Св.Кирил и Методиј“ (пред Рамстор) и продолжуваат по своите траси.

-линија бр. 24 од подвозник К.Вода продолжува лево по ул. „Св.Кирил и Методиј“ (пред Рамстор) и продолжува по своjaта траса.

- линијата „Sity tour“ ќе почнува од постојката пред „Жена парк“ и продолжува лево по ул. „11 Октомври“, десно по „Кочо Рацин“, ул.„Св.Кирил и Методиј“ и продолжува.

Во обратен правец автобусите сообраќаат по непроменета траса, информираат од ЈСП.

05.07.2014 - 11:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега